ЗАШТИТЕН ЗНАК НА ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА УШТЕ ОД 1924 ГОДИНА

Следете не

where to try?

Elandsstraat 118B
Amsterdam

Vredefweg 2A
Berlin

Vredefweg 2A
Brugge

КРАЛИ МАРКО

Заштитен знак на Прилепска Пиварница уште од 1924 година

Крали Марко е висококвалитетно пиво со свеж изглед и едно од водечките домашни брендови на пиво. Уште од далечната 1924 година, сопствениците на Пиварницата произведувале пиво со уникатен вкус, коешто се ферментирало во дрвени буриња, а се пакувало во стаклени шишиња. Оваа традиција на производство на пиво продолжила до времето кога производството се модернизирало со нова технологија и нови современи производствени линии. Поврзаноста со традицијата, со етносот, со митот за Крали Марко, со градот Прилеп, е нешто што го издвојува оваа пиво како единствен таков бренд на пива во Македонија.

Крали Марко е гордост на Пиварницата, а фактот дека постои скоро 100 години е доказ за знаењето, умеењето и мајсторството во производство на Крали Марко пиво, синоним за уживање.

Крали Марко пиво, синоним за уживање

Како вистински крал на кафаната, Крали Марко е неизоставен дел од македонската автентичност, бројните приказни споделени на масите, сметата, тагата и еуфоријата во духот на она што го нарекуваме традиционално и наше.

Крали Марко се пие насекаде: во маало, пред кооперација, по дома, на прослави, свадби, крштевки, разни веселби, но кафаните се местата каде најмногу се пие Крали Марко и затоа ова пиво стана заштитен знак на голем број на кафани во Македонија.

КРАЛ НА ТРПЕЗАТА!

Крали Марко e пиво познато како „Крал на трпезата“. Toa е неизбежен пијалок во комбинација со храна подготвена на традиционален начин. Сите варијации на месо подготвено на скара, познатото гравче тавче, печеното месо во фурна, различните густи чорби и останатите национални специјалитети се уште повкусни кога ќе се искомбинираат со студено Крали Марко.

Составот на пивото: 11% пивска сладовина, пивскиот слад, пивскиот квасец и 4,5% волуменскиот алкохол ја креираат светложолтаta боја, оптималната газираност и кремастата пена како најбитни карактеристики на Крали Марко.

Секоја трпеза изгледа уште погурманска и побогата со Крали Марко.

НОВОСТИ