Снајди се, па уживај!
Во спотот за брендот Крали Марко насловен „Снајди се, па уживај!“ ги гледаме популарните македонски актери Сашко Коцев и Слаѓана Вујошевиќ на „состанок“ во кафана. Со цел да ја импресионира девојката, Сашко се труди да ги следи нејзините навики за вегетаријанска исхрана, иако самиот тој е љубител на месо.
Снајди се, па уживај!
Сашко Коцев и Слаѓана Вујошевиќ во новата хумористична реклама на Крали Марко
Она што следува претставува хумористична размена на зборови и погледи помеѓу двајцата гости и келнерот кој ја прима нарачката, а се обидува да ги декодира скриените пораки на Коцев кој своите „месести“ желби ги изразува преку кодиран „вегетаријански“ јазик.
И покрај разликите во преференците за главниот оброк, сите страни се потполно согласни во едно – пијалакот мора да биде големо Крали Марко!
Во кафана важно е да се снајдеш и да уживаш со Крали Марко.

